Милан ќе се засилува со ѕвезда на Тотнем?

by
1 минути читање

Во Италија
наведуваат дека Милан е сериозен во намерата да го ангажира фудбалерот на
Тотнем, Стивен Бергвајн кој не е во преден план кај новиот тренер Антонио
Конте.

24 годишниот
Холанѓанец не успеа да се наметне кај Конте оваа сезона, со тоа што поранешниот
фудбалер на ПСВ запиша само 12 настапи во Премиерлигата, а постигна два гола и
една асистенција.

„Спарси“ за
трансферот на Бергвајр издвоија околу 35 милиони евра, а „Калчомеркато“ тврди
дека ангажманот на Дејан Кулушевски од Јувентус ги ограничило шансите на
Бергвајн во тимот од Северен Лондон.

Се верува дека во
летниот преоден рок Холанѓанецот би можел да си замине од Тотнем за сума од
околу 18-20 милиони евра, а Милан е најсериозен кандидат за неговиот потпис засега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани