Милан би можел да размисли за продажба на Рафаел Леао доколку пристигне понуда од околу 50 милиони евра, со можност сумата дополнително да се зголеми преку бонуси.
Португалскиот офанзивец останува едно од најатрактивните имиња кога станува збор за излезниот трансфер пазар, но во таборот на „росонерите“ се свесни дека во овој момент тешко дека ќе извлечат значително повисока сума за неговите услуги. Токму затоа, во Милан не би биле целосно затворени за преговори, особено ако понудата ги задоволи финансиските очекувања и вклучува дополнителни клаузули кои би ја зголемиле вредноста на трансферот.
Леао не се вклопува во тактичките замисли на Масимилијано Алегри. Оваа сезона Португалецот играше на повеќе позиции, а ретко на својата крилна. Освен тоа, навивачите го критикуваат поради своето незалагање, па можеби разделбата е најреална опција.