Милан ќе има трансфер буџет од 100 до 150 милиони евра, првото засилување е договорено

by
2 минути читање

Минатиот месец
Милан конечно премина во рацете на инвеститори од Кина, па сега се очекува
новите сопственици да го одврзат ќесето и на Сан Сиро да пристигнат квалитетни
засилувања.

Медиумите од
Италија пишуваат дека на 18. мај ќе има собрание на акционерите, на кое ќе биде
дадено зелено светло за зголемување на капиталот во изоност од 60 до 120
милиони евра за да се покријат загубите, како и да се одобри трансфер буџет
вреден помеѓу 100 и 150 милиони евра.

Скај Италија
пренесува дека Милан веќе го има договорено првото засилување, се работи за
дефанзивецот на Виљареал, Матео Мусакио.

26 годишниот Аргентинец на
Сан Сиро треба да пристигне во трансфер вреден 18 милиони евра.

Новиот спортски
директор, Масимо Мирабели вчера бил на Сантијаго Бернабеу за да го проследи
дуелот помеѓу Реал и Атлетико.

Тој патувањето во
Мадрид го искористил и за да оствари средба со Алваро Мората, таткото на
играчот и агентите.

Интересот на Милан
за Шпанецот е силен, но зделката е комплицирана бидејќи поранешниот напаѓач на
Јувентус бара плата од 6 милиони евра по сезона.

Сон на
„Росонерите“ останува Пјер Емерик Обамејанг, но се чини дека репрезентативецот
на Габон е недостижна цел.

Напаѓачот бара годишна
плата од околу 12 милиони евра, а Борусија Дортмунд сигурно ќе бара најмалку 70
милиони евра за разделба со голгетерот.

Но дури и Милан да направи ваква финансиско жртвување, Пјер Емерик
Обамејанг исто така сака настап во Лигата на Шампионите, нешто што „Росонерите“ не
можат да му го понудат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани