Милан ќе ги послуша своите навивачи, капитентската лента за Кјаер

by
1 минути читање

Навивачите на
италијанскиот вицепрвак Милан зачестија со барањата до клубот, за истиот да му
ја довери капитентската лента на дефанзивецот Симон Кјаер, а „Газета дело Спорт“
известува дека клубот од Милано ќе го послуша нивниот совет.

Хаштагот #КјаерКапитен за момент стана главна тема помеѓу
навивачите на Милан, но и секако привлече огромно внимание во јавноста, откако
стоперот се покажа како херој во драмата за битката за животот на Кристијан
Ериксен.

Како што е
познато, Ериксен колабираше на мечот против Финска на Европското првенство и
падна како покосен на теренот, а прв кој му прижи помош беше токму Кјаер, кој
го подготви теренот за медицинските лица кои потоа со крајни напори му го
спасија животот на Данецот, кој веќе е во стабилна состојба, а ја имаше и
првата изјава за јавноста по сите случувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×