171
Изминативе денови
се појавија информации дека Милан ќе добие нов сопственик, Инвесткорп води
преговори со Елиот за превземање на „росонерите“ во зделка вредна околу 1
милијарда евра.
Доколку фондот од
Бахреин стане нов сопственик на Милан, клубот од Сан Сиро ќе стане сериозен играч
на трансфер пазарот. Како што пренесува Газета дело Спорт, на располагање ќе
бидат ставени 300 милиони евра за засилувања и подигнување на нивото на тимот.
Весникот
шпекулира со имиња како Себастијан Алер од Ајакс, Кристофер Нкунку од РБ
Лајпциг, Николо Заниоло од Рома и Орелиан Чуамени од Монако.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.