Милан ја совлада и Сампдорија и испиша нова историја (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Росонерите“ со
цел плен се враќаат од гостувањето кај Сампдорија, по голема борба, Милан
славеше со 1-2.

Резултатот беше
отворен кон финишот на првиот дел, имаше играње со рака во шеснаесетникот на
Сампдорија, беше досуден пенал, а Кеси од белата точка погоди за 0-1.

Домаќините се
обидоа да се вратат во игра во продолжението од мечот, а Милан откако одлеа на
нападите, нововлезениот Кастиљехо со својот прв допир донесе 0-2 во 77. минута.

Сампдарија сепак
не се предаде и преку Екдал намали на 1-2 по еден корнер во 82. минута.

Во последните
секунди од мечот, Екдал имаше шанса за 2-2 и бод, но неговиот удар со глава
заврши крај голот, па гостите се радуваа на нови три бода и нова историја.

Милан за прв пат
во својата историја а на 30 натпревари во низа во Серија А постигнува гол.

Денешниот триумф значеше осма победа по 10 кола, подобар старт од овој „росонерите“
имале само во сезоната 1954/55 кога победиле на девет натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×