Милан ја совлада Аталанта, може да го освои Скудетото уште вечерва! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Скудетото полека
му се насмевнува на Милан, избраниците на Пиоли попладнево со 2-0 ја совладаа
Аталанта и завршија голема работа.

На „росонерите“
сега им треба само бод во последното коло, а можат да станат шампиони на
Италија уште вечерва, доколку Интер киксне на гостувањето кај Каљари.

Резултатот беше
отворен по десетина минути игра во второто полувреме, гостите бараа фаул за
стартот на Калулу врз Песина, Милан тргна во контра а Леао низ нозете на Мусо
донесе 1-0 и огромна радост на Сан Сиро.

Победникот беше
решен во 75. минута, Тео Ернандез тргна само од својата половина, сам си
направи простор за шут и биеше прецизно по земја за 2-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани