Милан ја победи Монца за крај на разочарувачката сезона (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Милан триумфираа над Монца со 2-0 во последното коло од Серија А, со што официјално ја затворија сезоната во која ги разочараа навивачите/

Натпреварот немаше резултатско значење „росонерите“ уште претходно ги загубија шансите за излез во Европа, додека Монца веќе одамна ја загуби битката за опстанок и се сели во Серија Б. Двата гола за победа Милан ги постигна во второто полувреме преку Габија и Феликс.

Особено впечатлив беше голот на Португалецот од слободен удар, кој можеби беше и негов последен настап во дресот на Милан, со оглед на шпекулациите за негово заминување ова лето.

„Росонерите“ сезоната ја завршуваат со 18 победи, девет ремија и 11 порази, освојувајќи 63 бодa. Со овој резултат привремено се искачија на седмото место, но нивната конечна позиција ќе зависи од исходот на утрешниот дуел меѓу Фиорентина и Удинезе. Доколку „виолетовите“ слават, Милан ќе падне на осмата позиција.

Фото: AC Milan/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани