1,1K
Според пишувањата на Калчомеркато, Милан поставил цена од 50 милиони евра за трансфер на Тео Ернандез, кој е на радарот на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.
Реал Мадрид и Манчестер јунајтед се во потрага на нов лев бек и често се пишува дека Тео Ернандез е во бележникот на двете екипи.
Французинот не игра на потребното ниво оваа сезона, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место, па Милан е подготвен да го продаде доколку пристигне примамлива понуда.
Како што пренесува Калчомеркато, „росонерите“ бараат 50 милиони евра за да седнат на преговори.