151
Италијанскиот гигант Милан го направи првиот конкретен чекор за ангажман на Ардон Јашари, пренесуваат белгиските медиуми.
„Росонерите“ испратиле официјална понуда до Бриж вредна 25 милиони евра плус дополнителни 5 милиони евра во форма на бонуси, но белгискиот клуб засега останува непопустлив ја проценува вредноста на швајцарскиот репрезентативец на 35 милиони евра.
Јашари е една од најбараните млади ѕвезди на трансфер пазарот, а за неговите услуги се заинтересирани неколку врвни европски екипи. Милан сака да ја добие трката навреме и се надева дека ќе успее да ја намали побаруваната сума преку дополнителни преговори.