Милан има тројца кандидати за засилување во средниот ред

by
1 минути читање

Брахим Диаз игра во променлива форма оваа сезона. Одлично почна, даде четири гола и имаше две асистенции во првите девет меча од 2021-22, но работите се променија откако фати ковид во октомври.

22-годишниот фудбалер има само две асистенции на 19 меча во сите натпреварувања откако се врати по прележаниот ковид. Диаз веќе не е истиот од почетокот на сезоната.

Тој е на позајмица во Милан до јуни 2023 година. Росонерите имаат опција да го откупат за 22 милиони евра. Но доколку Диаз не ја врати формата од стартот на сезоната, тоа тешко дека ќе се случи.

Според италијанските медиуми, Милан разгледува три опции за засилување во средниот ред. Едната е Ноа Ланг од Клуб Бриж кој би чинел околу 25 милиони евра.

Другите двајца играчи се од Серија А, фудбалерот на Аталанта, Руслан Малиновски и Недим Бајрами од Емполи кој има шест гола и пет асистенции во 26 меча.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×