Милан и Ајнтрахт и направиле невиден грабеж на Фиорентинa со трампата Ребиќ-Силва

by
1 минути читање

Летото во 2019, Анте Ребиќ се персели на „Сан Сиро“ а Андре Силва на „Дојче Банк Парк“. Трансферите се водеа како позајмица со опција играчите да биде во целост купени и тогаш се шпекулираше за суми помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Во септември оваа година, Милан и Ајнтрахт Франкфурт соопштија дека ги активираат опциите во целост да ги купат играчите, но детали од зделките не беа соопштени.

Според пишувањата на Билд, Милан за услугите на Анте Ребиќ платил 5 милиони евра, додека пак Ајнтрахт Франкфурт платил 3 милиони евра за Андре Силва.

Трансферите вака се структуирани за Фиорентина да добие што е можно помалку пари. На „виолетовите“ им следуваат 50% од трансферот на Анте Ребиќ и наместо да добијат 12,5 до 15 милиони евра, ќе инкасираат скромни 2,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×