Иско е вметнат на
листата на желби на Милан за засилувања летово во пресрет на новата сезона,
откако клубот од Милано се стави во потрага по замена за Хакан Чалханоглу кој
си замина како слободен агент, а потпиша за градскиот ривал Интер.
„Росонерите“ беа
посебно заинтересирани за Хаким Зијеш од Челси, но и Душан Тадиќ од Ајакс, а во
Италија пишуваат дека Зијеш е ставен барем засега на „стенд-бај“, а се верува
дека Тадиќ иако посакува трансфер во Милано, сепак спортскиот директор на
Ајакс, Марк Овермарс јасно порача дека Србинот не е за продажба.
„Газета дело
Спорт“ наведува дека Иско е последната идеја која „Росонерите“ ја вметнаа на
својата листа на желби за засилувања за новата сезона, а познато е дека 29
годишниот фудбалер е на излезна врата од Реал Мадрид, бидејќи наводно не е во
плановите на Карло Анчелоти.