Милан го посакува Алиоски!?

by
0 минути читање

Иднината на Алиоски се уште не е решена, неговиот договор со Лидс заврши, неизвесно е дали ќе потпише нов договор со англискиот клуб или ќе замине во нова средина.

Алиоски често се поврзува со турски клубови, Галатасарај и Трабзонспор беа заинтересирани за него.

„Хабер61“ тврди дека Милан се заинтересирал за Алиоски, а тоа значи дека Трабрзонспор ќе ја загуби битката и треба да се насочи кон други цели.

Засега ваква информација во италијанските медиуми нема, доколку изворот на Турците е вистинит очекуваме во наредните денови и во Италија да почне да се пишува за интересот на Милан за Алиоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×