Милан го одреди главниот кандидат за замена на Кјаер, Малдини започнува преговори

by
1 минути читање

„Росонерите“ се
во потрага на нов дефанзивец по тешката повреда на Симон Кјаер, и се говори
дека Свен Ботман од Лил е идентификуван како главен кандидат, Холанѓанецот ги
исполнува сите услови на раководствотo, како возраст, перформанси и потенцијал.

Паоло Малдини во
следните денови ќе отвори преговори и ќе се обиде да го искористи добриот однос
помеѓу двата клуба за да го ангажира дефанзивецот.

Лил одреди цена
од 30 милиони евра, но се верува дека клубот од Франција е подготвен значително
да ги намали барањата и да се задоволи со сумата од 20 милиони евра.

За реализираше на
зделката ќе треба да биде направен уште еден компромис, Милан преферира да го
ангажира Свен Ботман на позајмица, со опција во целост да го купи играчот, или
пак опцијата да стане обврска откако ќе се исполнат одредени услови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×