Милан го губи трпението, испратен ултиматум до Донарума

by
1 минути читање

Џиџо Донарума ги
одработува последните месеци од договорот, подолго време се преговара за
продолжување на соработката, но никако да пристигне абер дека двете страни си
подале рака.

Милан на маса има
ставено нов договор со годишна плата од 8 милиони евра, но Џиџо Донарума и Мино
Рајола немаат одговорено. Ваквата ситуација не им се допаѓа на „росонерите“ па
испратиле ултиматум.

Џиџо Донарума има
рок од еден месец да одличи дали ќе ја продолжи верноста или ќе замине, Италијанецот
својот одговор треба да го даде до крајот на сезоната, односно до 23. мај.

Се шпекулира дека
Џиџо Донарума и Мино Рајола калкулираат поради неколку причини. Сакаат Милан да
ја зголеми понудата на 10 милиони евра, ова е сумата која Јувентус е подготвен
да им ја даде. Исто така
, тие
чекаат да видат дали ќе биде обезбеден настап во Лигата на шампиони. Битката
за топ четири е неизвесна, Милан, Јувентус, Аталанта и Наполи ќе се борат за
три места, разликата помеѓу нив е само три бода. Дополнително, и Лацио може да
фати приклучок, особено ако победи во понеделник токму против Милан.

Во меѓувреме,
Газета дело Спорт објави дека Милан веќе се подготвува за заминување на Џиџо
Донарума и „росонерите“ се договориле со Мајк Мењан од Лил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×