Милан и Рома одиграа меч со многу тензија, четири гола, два пенали и два црвени картони.
Натпреварот почна лошо за римската волчица, во осмата минута беше досуден пенал за Милан поради игра со рака од Абрахам. Жиру постигна гол од белата точка за водство од 1-0.
Само девет минути подоцна веќе беше 2-0, Ибанез направи голем кикс, Жиру ја погоди стативата, топката дојде до Месиас кој реализираше за 2-0.
На пет минути пред крајот на првиот дел, Рома успеа да намали со гол на Абрахам.
По шест минути игра во вториот дел Милан можеше да постигне и трет гол, Брахим Диаз ја погоди пречката.
Во 74. минута Рома остана со играч помалку откако Карсдроп заработи втор жолрт картон.
Веќе во следната минута Милан уште еднаш ја погоди пречката, овојпат Флоренци можеше да му даде гол на својот поранешен клуб.
Росонерите брзо ја искористија теренската надмоќ, Рафаел Леао најде дупка во одбраната, постигна гол и донесе водство за Милан од 3-1.
Во судиското продолжение беше досуден уште еден пенал за Милан, Манчини фаулираше, доби црвен картон и тој. Ибрахимовиќ не го реализираше пеналот, Руи Патрисио го одбрани неговиот удар.
На крајот Милан освои многу важни три бода со кои дојде на минус еден бод до Интер, но нероазурите имаат натпревар помалку.