Милан го доби дербито со Рома, Ибрахимовиќ е херојот на росонерите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан дојде до големи три бода против Рома со кои го одржува чекорот со Наполи на врвот во Серија А.

Резултатот беше отворен во 26. минута кога Ибрахимовиќ со силен шут од слободен удар донесе водство за Милан од 1-0.

По пет минути игра во вториот дел Ибра даде уште еден гол, но му беше поништен поради офсајд.

Брзо потоа Ибрахимовиќ беше соборен во шеснаесетникот на Рома, дискутабилна ситуација, но судијата реши дека е пенал. Кеси погоди од белата точка за водство на Милан од 2-0.

Во 66. минута Тео Ернандез заработи втор жолт картон, Милан остана со фудбалер помалку. Рома силно напаѓаше во финишот, но не успеа брзо да се врати.

Конечно во 93. минута Ел Шарави даде гол и намали на 2-1. На Рома и останаа уште 3 минути од судиското продолжение.

Во последните моменти од мечот во шеснаесетникот на Милан се случи момент кој Мурињо сигурно ќе го истакне на пресот, Кјаер го удри Пелегрини, но судијата одлучи дека не е пенал.

На крајот Милан се радуваше на многу важни три бода во борбата за Скудетото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани