65
Ибрахимовиќ минатото лето потпиша едногодиишен договор со Милан, со можност за продолжување на соработката.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Милан наскоро ќе закаже состанок со Ибрахмовиќ и ќе му понуди нов едногодишен договор со истите услови, годишна плата од 7 милиони евра.
Весникот додава дека тоа што Ибрахимовиќ се врати во шведската репрезентација кажува дека е фит и желен за фудбал без разлика на тоа што во октомври ќе полни 40 години.
Претходно Ибра изјави дека е уверен дека ќе потпише нов договор со Милан без било каки компликакции.