Милан со месеци го „молеше“ Донарума да потпише нов договор, тој постојано одбиваше. Росонерите кренаа раце, го договорија Мањан и му соопштија на Џиџо дека имаат друг голман.
Во интервју за „Газета дело Спорт“, Донарума рече дека Милан е виновен што тој си заминал бидејќи ми се јавила и кажале дека купиле нов голман.
Клубот преку Масара во изјава за „Спорт Медиасет“ ја кажува својата верзија.
„Ние сметавме дека треба да му се јавиме од учтивост и да му ја соопштиме одлуката, откако одбиваше да ги прифати нашите понуди, сметавме дека наша обврска е да најдеме алтернатива за него“, вели Масара.
„Сметавме дека е фер да му се јавиме и директно да му кажеме пред официјално да објавиме дека сме потпишале со друг голман. Ние мислевме дека тој ќе го цени таквиот гест“.
„Сега сме многу среќни што го имаме Мањан во Милан и му посакуваме на Џиџо блескава кариера. Мањан успеа веднаш да се вклопи во италијанскиот фудбал, стана референтна точка во соблекувалната и веруваме дека уште може да напредува“.