158
„Газета дело Спорт“ пишува дека дефанзивецот Калулу денеска пристигнува во Италија каде ќе го чека петгодишен договор со Милан.
Се работи за десен бек кој може да игра и на останатите позиции во дефанзивата. Неговиот договор со Лион истекува овој месец па како слободен фудбалер ќе потпише за Милан.
Калулу имал понуди и од Шпанија и Германија, но неговата желба била да игра за Милан.
Се шпекулира дека влијание на дефанзивецот за тој да дојде во Милан имал Паоло Малдини.