Милан без Мино Рајола ги води преговорите со Ромањоли за продолжување на договорот

by
1 минути читање

Односите меѓу раководството на Милан и агентот Мино Рајола се уште се тензични поради начинот на кој Џиџо Донарума го напушти клубот.

Па, Милан успеал да издејствува преговори со дефанзивецот без неговиот агент да биде присутен на состаноците.

Милан не може да му ја понуди сегашната плата од 6 милиони евра годишно на Ромањола, преговорите се водат за помала сума.

Росонерите му нудат годишни примања од 3,5 милиони евра, а Ромањоли бара најмалку 4,5 милиони евра.

Мино Рајола во септември последен пат беше на состанок со Милан во врска со новиот договор на Ромањоли, оттогаш капитенот е сам во разговорите.

Ромањоли сака да остане во Милан и се верува дека ќе биде постигнат договор за негово останување.

Неговиот договор со Мино Рајола како агент истекува по крајот на оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани