Симон Кјаер против
Џенова го повреди коленото, настрадаа лигаментите, тој денеска ќе биде опериран
и го чека долга пауза. Се говори дека големи се шансите сезоната за Данецот да е
завршена, па Милан размислува за ангажман на нов дефанзивец.
Според Газета дело
Спорт, на листата со желби има неколку имиња, прв е Никола Миленковиќ од
Фиорентина, кој има откупна клаузула од 15 милиони евра, сума која е прилично
ниска бидејќи Србинот важи за еден од подобрите дефанзивци во Серија А. Интерес
за неговите услуги пројавува и Антонио Конте и Тотнем.
Луис Филепе од
Лацио е алтернатива за која нема да требаат многу пари, неговиот договор истекува
по крајот на сезоната.
Беноа Бадишиле од
Монако исто така е на списокот, но неговата цена е преку 30 милиони евра.
Како опција се
посочува и 19 годишниот Бекир Омерагиќ од Цирих.