Мијатовиќ го советува Родриго што го чека доколку замине од Реал: За две недели…

by bojan
2 минути читање
Родриго

Легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ испрати совет до Родриго по гласините дека Бразилецот летоска би можел да замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Конкуренцијата во нападот на „кралевите“ значително ќе се зголеми, во Мадрид ќе пристигнат Килијан Мбапе и суперталентираниот Ендрик.

Па често се шпекулира дека Родриго би можел да го напушти Реал Мадрид поради тоа што ќе нема загарантирано место во првиот тим, Бразилецот се поврзува со ПСЖ и Манчестер Сити.

Напаѓачот сега доби совет од Предраг Мијатовиќ, кој објасни што го чека доколку се реши за нова авантура.

„Погрешив кога решив да заминам од Реал Мадрид…“ – почна легендата на „кралевите“.

„Играчите не разбираат што имаат во Реал Мадрид. Ќе сфатат само кога повеќе не се дел од клубот“.

„Секогаш сум велел дека е многу тешко да станеш играч на Реал Мадрид, а лесно е да си отидеш. Ќе се налутиш поради нешто, бараш повеќе пари, повеќе минути и ќе се отидеш. Но две недели подоцна… ќе се каеш!“

„Истото ми се случи и мене. Се преселив во Фиренца, многу убав град, но две недели подоцона… Ми фалеше се, од соблекувалната, тренинг центарот, стадионот до градот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани