Михајловиќ се извини за срамниот пораз на Болоња

by
1 минути читање

По 54. минути игра, тимот кој од оваа сезона ќе игра во Серија Б, Тернана водеше кај Болоња со 5-1. Тимот на Михајловиќ успеа да дојде до 5-4 но не и да се спаси од пораз.

Болоња доживеа елиминација во Купот на Италија уште во првото коло, а по поразот Михајловиќ мораше да се извинува.

„Ова беше срам за сите и мора да им се извиниме на фановите и на клубот“, рече нервозниот Михајловиќ.

„Со сета почит за Тернана, не смееме да загубиме такак. За жал сега не можеме да го вратиме времето, елиминирани сме од Купот на Италија и се надеваме дека овој пораз ќе бидед будење за нас, бидејќи треба да бидеме концентрирани“.

„Тешко е да се објасни што се случи бидејќи работевме многу на дефанзивните движења, но имаше комплетен недостаток од кокнцентрација. Премногу лесно примивме пет голови“.

„Невозможно е да загубиме вака“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×