Михајловиќ: Не сакам против Јувентус да ни пратат некој аматер судија, доволно бевме оштетени оваа сезона

by
1 минути читање

Во последното коло од Серија А, Болоња го пречекува Јувентус во еден од клучните натпревари за топ 4 пласман. „Старата дама“ мора да победи доколку сака да се надева на настап во Лигата на шампиони и да чека кикс на ривалите.

Иако има уште неколку дена до пресметката, Синиша Михајловиќ реши да ја подгрее атмосферата.

„Се надевам дека нема да ни пратат некој аматер судија, доволно бевме оштетени оваа сезона“ – вели тренерот на Болоња. „Треба да доделат некој квалитетен судија, како Валери или Џакомели и убеден сум дека ќе го сторат тоа. Ако сакате можеме и да се обложиме“.

На дуелот помеѓу Јувентус и Интер имаше многу контроверзни одлуки, особено последниот пенал од коj домаќините стигнаа до победа од 3-2.

„Секако, ќе треба да одиграме на теренот. На хартија, немаме никакви шанси. Но се чинеше дека и Каљари нема што да бара против Милан, па стигнаа до бод. Фудбалот е убав бидејќи никогаш не знаете како ќе заврши натпреварот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×