172
Рома ги изненади сите откако успеа да го ангажира Жозе Мурињо за нов тренер. Португалскиот стратег ќе има голем предизвик, тоа го знае Михајловиќ.
„Среќен сум што тој се враќа, ова е добро за италијанскиот фудбал. Тој има харизма, но Рома може да му биде голем предизвик. Ќе видиме што ќе се случува“, вели Михајловиќ.
„Него ќе му треба тим. Големи фудбалери прават големи тренери. Рома заслужува пофалба бидејќи успеа да го ангажира Мурињо, никој не го очекуваше тоа“.
„Уверен сум дека Мурињо ќе биде добар во Серија А, дури би можел да се бори и за титулата, но прво треба да се справи со соблекувалната. Ќе биде тешко за него“.