818
Предводникот на
Болоња, Синиша Михајловиќ не крие дека е изненаден од одлуката на довчерашниот
тренер на Интер, Антонио Конте да го напушти клубот од Милано по освоеното
Скудето.
Конте си замина
од Интер по двострана спогодба, а како негов наследник дури се споменуваше
токму Михајловиќ, меѓутоа и повеќе од јасно е дека прв кандидат за таа позиција
е Симоне Инзаги.
„Изненаден сум од
неговата одлука“ рече Србинот во изјавата за „Скај Спорт Италија“.
„Очигледно е дека
постојат одредени причини за тоа што се случи“ додаде тој.
Конте се поврзува
со кормилото на Реал Мадрид, откако од шпанскиот гигант веќе објавија дека Зинедин
Зидан си заимнува.