185
Тимот на Антонио Конте оваа сезона игра топло-ладно, вечерва се прикажа во лошо издание и доживеа елиминација.
Во регуларниот тек од натпреварот немаше голови, па се премина кон продолженија.
Единствениот гол на мечот го постигна Кобурн во 107 минута, младиот фудбалер кој влезе само десет минути претходно.
По елиминацијата од ФА Купот за Тотнем останува уште Премиерлигата во која ќе се борат за местата во Европа. Антонио Конте нема да освои титула во првата сезона како тренер на англискиот тим.