Мицевски: Треба да заменам играчи како Елмас, Барди, Адеми…, не чувствувам притисок, можеби само позитивна трема

by
1 минути читање

Поради големиот број отсуства, селекторот Ангеловски за мечот со Ерменија дополнително ги повика Дарко Мицевски, Душко Трајчевски и Томе Китановски. 

Капитенот на Вардар знае дека одговорноста да се носи националниот дрес е голема, но не се плаши од предизвикот.

„Чест е да се биде во националниот тим, а секој фудбалер гори од желба да настапува за својата држава. Посебно е чест што повикот доаѓа веднаш штом изборивме пласман на ЕП. Тука сум да помогнам бидејќи имаме многу суспендирани и повредени фудбалери. Ова е само втор настап за мене и јас ќе се обидам да ја искористам шансата. Сигурен сум дека кој ѝ да добие шанса ќе даде 200 отсто од себе за да ја искористи. Нема притисок дека треба да ги заменам Елмас, Барди, Адеми…, можеби има само позитивна трена“, вели Мицевски.

Поради повредата на Барди, дополнителен повик но уште на почетокот од овој тримеч доби играчот на Шкендија, Енур Тотре кој исто така треба да ги надополнува отсуствата во средниот ред.

„Ние примарната цел ја остваривме, го изборивме тоа Европско првенство, но пред нас сега е нова цел. Дојдовме на Кипар за да ја победиме Ерменија и сакаме промоција во Б-дивозијата. Го знаеме ривалот, а иако ни недостигаат многу фудбалери, ќе го дадеме максимумот. Наше е да ги исполниме задачите на селекторот, а верувам дека тоа ќе ни биде доволно за позитивен резултат“, вели Тотре.

Натпреварот со Ерменија се игра во среда со почеток од 18 часот.

Фото: ФФМ – Игор Паневски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани