294
Најконтроверзниот момент од мечот меѓу Јувентус и Рома се случи во финишот од првото полувреме. Абрахам даде гол, но судијата секунда претходно свирна пенал за Рома.
Војчех Шчесни го одбрани шутот на Верету, па Рома не се израдува на израмнувачки погодок.
„Зошто не почекаа да заврши акцијата и потоа да свирнат. За офсајд секогаш чекаат пет, осум секунди, зошто истото да не беше и со пеналот? Сите видоа што се случи, не можам да кажам ништо повеќе од тоа“, вели Мхитарјан.
„Природно е да сме фрустрирани. Ние бевме подобриот тим, креиравме повеќе шанси за гол, можевме да направиме повеќе ако ги финиширавме, но напредуваме и знаеме дека можеме да победуваме ако продолжиме вака“.