Пари Сен Жермен вечерва ја прослави својата втора титула во Лигата на шампионите, но за еден навивач на францускиот клуб финалната вечер не заврши најдобро.
Поради необична грешка, навивачот на парискиот гигант наместо кон Будимпешта, каде што се играше големото финале, отпатувал во Букурешт. Така, наместо од трибините да биде дел од историскиот успех на својот омилен клуб, останал далеку од местото на случувањата.
Бизарната ситуација брзо стана хит на социјалните мрежи, а навивачот ќе мора да се помири со фактот дека втората европска круна на ПСЖ ја проследил далеку од стадионот и атмосферата што ја создадоа илјадниците навивачи на францускиот шампион.
This PSG fan travelled to Bucharest 🇷🇴 instead of Budapest 🇭🇺 for the Champions League final 😭pic.twitter.com/YCIyYgupyC
— Troll Football (@TrollFootball) May 30, 2026