Меси во осминафиналето ќе игра против својот поранешен клуб, тоа ќе биде посебен меч и за Бекам!

by riste
0 минути читање

Интер Мајами направи голем успех откако се пласираше во осминафиналето од Светското клупско првенство, го освоија второто место во групата зад Палмеирас.

Во осминафиналето Интер Мајами ќе игра против ПСЖ, Лео Меси ќе се соочи против својот поранешен клуб.

А тој клуб е поранешен и за Дејвид Бекам кој токму таму ја заврши фудбалската кариера. Тоа значи дека ова ќе биде посебно емотивен меч и за сопственикот на Интер Мајами.

Другата веќе добиена осминафинална двојка ќе биде бразилска пресметка, Палмеирас против Ботафого.

Фото: X/InterMiami

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×