246
Барселона денеска имаше тешко гостување кај Севиља, но дома се враќа со целиот плен, а херојот и денеска се вика Меси.
Севиља почна одлично, поведе со гол на Навас во 22. минута, но четири минути подоцна Меси изедначи на 1-1. На три минути пред крајот на првиот дел Меркадо го врати водството на Севиља, домаќините поведоа со 2-1.
Севиља водеше до 67. минута кога Меси го постигна вториот гол на денешниот меч за 2-2, Аргентинецот на пет минути до крајот погоди за негов 50. хет-трик во кариерата и водство на Барселона од 3-2.
Конечните 4-2 за Барселона ги постави Луис Суарез во 93. минута, овој пат Меси беше асистент.