Интер Мајами со 3-1 го победи Нешвил во првиот меч од плејофот во МЛС, а ѕвезда на вечерта беше Лео Меси кој беше двоен стрелец на натпреварот.
Меси го отвори резултатот со гол во 19. минута кој го постигна по асистенција од Суарез.
Тој резултат беше актуелен до 62. минута кога Аленде зголеми на 2-0.
Во 96. минута Меси даде уште еден гол, а гостите дури во единаесетата минута од продолжението постигнаа почесен погодок.
„Среќен сум што останувам овде и што го продолжувам овој проект кој, од сон, прерасна во прекрасна реалност – играњето на новиот стадион. Откако пристигнав, се чувствувам одлично и немам намера да се пензионирам“, изјави Меси за клупскиот сајт.