916
Капитените на Барселона и Реал Мадрид, Лионел Меси и Серхио Рамос, во исто лето, на ист начин и во ист клуб заминаа, сега се соиграчи во ПСЖ.
„Тоа што Серхио Рамос му е соиграч е спектакуларно“, вели Меси.
„Сега се навикнав, но на стартот беше лудо, по толку години ривалство, капитени на Барса и Реал, по толку Класика одиграни, по толку борби кои ги имавме на теренот…“.
„Но сето тоа останува на теренот, ние отсекогаш сме имале голема почит еден кон друг. Тоа што денеска сме соиграчи е спектакуларно“.