Ѕвездата на ПСЖ,
Лионел Меси инсистира на тоа дека Кристијано Роналдо се адаптирал на импресивен
начин на своето враќање во Манчестер јунајтед, и покрај очајната форма на
Премиерлигашот изминатиов период што резултираше со отказ за Оле Гунар Солшер.
„Манчестер
јунајтед е клуб со одлични фудбалери, а Кристијано веќе го знаеше клубот, но
тоа е на друго ниво и сега се адаптираше на еден импресивен начин“ рече Меси.
„Веднаш почна со
постигнување на погодоци како и секогаш, а немаше никаков проблем во
адаптацијата“ додаде Аргентинецот.
„Во Премиерлигата
не е толку добро како сите што помислувавме, но е многу тешко, а станува збор
за натпреварување кое често се случуваат големи изненадувања, по декември се’
се менува премногу, а се’ може да се случи“ подвлече Меси.