Меси објави видео од неговиот син како учи англиски, па почнаа шпекулациите за трансфер во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лионел Меси е еден од најважните спортисти во светот, па секој негов потег во јавноста повлекува шпекулации од медиумите и фановите, така е и сега.

Меси на својот инстаграм профил постираше видео од неговиот син Тиаго како учи англиски. Тоа ги потикна шпекулантите да тргнат со вести дека е можна преселба на Аргентинецот во Премиерлигата.

Но многу поголема е веројатноста и овие гласини да завршат како и претходните отколку Меси да ја напушти Барселона и да направи трансфер во англиски тим.

Да потсетиме, кога Меси го заследи Челси на инстаграм, тргнаа шпекулациите дека се сели во лондонскиот клуб. Или кога Пеп Гвардиола стана тренер на Манчестер Сити се пишуваше дека можно е да го донесе и Меси во Премиерлигата, но ништо од тоа не се случи.

Се очекува и овие гласини да поминат слично. Но ако Меси се реши за промена на средината, сигурно Барселона ќе ги урне сите рекорди со неговиот трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани