Меси објасни зошто го одбил бројот 10 од Нејмар

by
1 минути читање

Меси и во ПСЖ можел да продолжи да го носи дресот број 10 кој беше заштитен знак за него, Нејмар му го понудил, но Аргентинецот одбил.

„10та беше за него. Јас дојдов како нов во тимот за да помогнам. Тоа беше исклучителен гест од негова страна. Го очекував тоа бидејќи го познавам Нејмар. Поминав време со него во Барселона и ние сме пријатели. Мислам дека е фер тој да продолжи да го носи дресот со број 10. Затоа јас го одбрав бројот 30“, открива Меси.

Меси вели дека никогаш не се гледал себеси како најдобар фудбалер во светот.

„Никогаш не сум рекол дека сум најдобар во историјата. За мене е сосема доволно да бидам гледан како еден од најдобрите во историјата. Тоа е нешто кое никогаш не сум го замислувал. Нешто што не ме интересирало, и никогаш нема да обврнувам внимание дали сум најдобар или не. Никогаш не сум имал цел да бидам најдобар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани