Многумина очекуваа Мбапе, Меси и Нејмар да везат уште во првите натпревари откако ќе заиграат заедно. Но синоќа ПСЖ одигра само 1-1 кај Клуб Бриж, а триото кое треба да биде страв и трепет во Европа беше тивко.
Поранешниот голман на Ливерпул, Симон Мињоле вели дека немал многу работа на голот.
„Немав баш многу работа. Игравме многу добро, како тим бевме исклучително организирани. Не им дозволивме да создадат премногу шанси за гол. Сите знаеме дека индивидуално се многу моќни, затоа и избегнувавме да доаѓаат во ситуација еден на еден“, вели голманот Симон Мињоле.
„Го браневме просторот заедно како тим. Секако тие се одлична екипа, но ќе повторам, немав многу работа. Имав две-три одбрани кои не беа премногу тешки“.