302
Многумина очекуваа ПСЖ да ги гази противниците кога ова трио ќе почне заедно да игра, особено оние како Клуб Бриж, но се покажа дека не е така.
Можеби ќе им биде потребно време да се воиграат, но ако се суди по денешниот меч, Покетино ќе има многу работа со големите ѕвезди.
Единствениот гол за ПСЖ го постигна Андер Ерера, а Клуб Бриж не само што израмни, туку имаше големи шанси и за победа.
Меси кој го одигра целиот натпревар, имаше шанса во првото полувреме, но ја погоди пречката.
Следниот натпревар на ПСЖ е дерби од француското првенство, на својот стадион во недела го пречекуваат Лион.