156
Лео Меси во следните 24 часа треба да стане нов фудбалер на ПСЖ, Аргентинецот попладнево со приватен авион од Барселона тргна во Париз.
Прв на аеродромот пристигна Хорхе Меси, кој на новинарите им потврди дека неговиот син заминува во градот на светлината.
Запрашан кој е виновен за заминувањето на Лео, тој кратко одговори: „Барајте го виновникот во Барса“.
Запрашан дали напаѓачот е тажен поради тоа што заминува, Хорхе рече: „Дали ја гледавте прес конференцијата на која се збогуваше?“.