291
ПСЖ се споменува како главен фаворит во трката по Лионел Меси откако синоќа беше соопштено дека Барселона не е во можност да го задржи.
Доколку ПСЖ успее да стигне до потписот на Меси интересен момент ќе биде фактот што Аргентинецот ќе игра заедно со својот довчерашен ривал, Серхио Рамос.
Поранешниот капитен на Реал Мадрид во ПСЖ дојде како слободен играч, а истото може да го направи и Меси.
Но ако Меси замине во ПСЖ таму нема да има само поранешни „непријатели“, во францускиот клуб е Нејмар со кој Аргентинецот е голем пријател.