Минатото лето, се
беше подготвено за Лео Меси да стави потпис на нов договор и да остане на Камп
Ноу, но во последен миг, Барселона се повлече. Тогаш
„каталонците“ се правдаа дека не се во можност да го задржат напаѓачот поради
правилата за финансиски фер-плеј на Ла Лига.
Минатиот месец,
претседателот Жоан Лапорта проговори за неуспешните преговори и рече дека се надевал
на голем гест од Аргентинецот, односно тој да прифати да игра беспари.
Во разговор со
Спорт, Лео Меси сега вели дека никој не побарал од него вакво нешто и е
разочаран од коментарите на Жоан Лапорта.
„Видете, како што
кажав и кога си заминав, сторив се што можам за да останам. Во ниту еден момент
не беше побарано од мене да играм беспари. Беше побарано да ја намалам платата
за 50% и го сторив тоа без проблем. Бев подготвен да помогнам и повеќе, мојата
желба и желбата на моето семејство беше да останеме во Барселона“ – вели Лео
Меси.
„Никој не побара
од мене да играм беспари, мислам дека коментарите на претседателот не беа на
место. Ме болат, сметам дека немаше потреба да го каже тоа, како да сакаше да
ја тргне вината од себе“.
„Луѓето ќе почнат
да генерираат одреден сомнеж и мислам дека не го заслужив тоа“.