168
Фотографијата беше направена на Ибица, а Меси се сликаше со играчите на ПСЖ, Нејмар, Паредес, Ди Марија и Верати.
Меси денеска одговараше и на прашање дали таа фотографија е случајна или уште тогаш знаел дека ќе оди во ПСЖ.
„Фотографијата со играчите од ПСЖ беше коинциденција, комплетна. Бев таму со мои пријатели и решивме да се сликаме. Тие ми рекоа: „Дојди во Париз!“, но тоа беше само шега, бевме на одмор“, вели Меси.
Наскоро се очекува Меси да им стане соиграч на фудбалерите со кои се сликаше на Ибица.