Првата ѕвезда на
Барселона, Лионел Меси наводно ја прифатил понудата на Барселона за
продолжување на соработката на дополнителни две години, известува „Кадена Копе“.
Лапорта: Меси има и други понуди, се надевам дека на крајот ќе пресуди неговата желба
Иднината на 33
годишниот Аргентинец подолг период беше неизвесна, а дека е така сведочеше и
првиот човек на клубот Жоан Лапорта кој и самиот призна дека ѕвездата има
понуди од неколку екипи, надевајќи се на крајот дека ќе пресуди желбата.
Сепак, „Кадена
Копе“ пишува дека Меси ќе продолжи во составот на Каталонците, а на теренот во
продолжението од неговата долгогодишна авантура со Барселона сега ќе го има и
својот сонародник и добар пријател, Серхио Агуеро.
Радиото истовремено
додава и дека се’ што треба е
обете страни сега да сторат е да се „доиспеглаат“ ситни детали од договорот, по
што би следела и официјализација.