Лео Меси стигна
до „Златната топка“ број 7, вечерва Аргентинецот ја доби битката со Роберт
Левадовски и Жоржињо.
„Пред две години
кажав дека ова се последните години и сега повторно сум тука, неверојатно.
Многу сум среќен и возбуден, сакам да се борам за нови предизвици. Не знам уште
колку години ми остана, се надевам дека се многу. Сакам да им се заблагодарам
на соиграчите од Барселона и ПСЖ, и особено оние од Аргентина. Чувствував дека
нешто ми недостасува со Аргентина, и оваа година конечно успеав да освојам
трофеј. Голема заслуга за оваа награда има и успехот на Копа Америка“ – рече Лео
Меси, кој потоа испрати порака до Роберт Левандовски.
„Ми беше огромна
чест да се борам за Роберт за оваа награда. Минатата година требаше ти да
победиш, и мислам дека Франс Фудбал треба да ти го даде трофејот, заслужуваш да го имаш во својот дом“.
Поради
пандемијата на ковид-19, Франс Фудбал реши минатата година да не ја додели
„Златната топка“.