278
Паднал договор
помеѓу Меси и ПСЖ, оваа информација пред 20-тина минути ја објавија Л’Екип и
новинарот Фабрицио Романо.
Двата извори
пренесуваат дека се работи за двегодишна соработка, со можност за додатни 12
месеци. Лео Меси во следните часови ќе пристигне во Париз и до крајот на денот
ќе ги помине редовните лекарски прегледи.
Според Фабрицио
Романо, Аргентинецот на „Паркот на Принцовите“ ќе заработува околу 35 милиони
евра годишно.