„Меси и Нејмар се виновни за поразот на ПСЖ, тие се платеници, тоа е измама“

by
1 минути читање

ПСЖ со предност од еден гол отпатува во Мадрид, таму даде уште еден, но на крајот прими три од Бензема и испадна од Лигата на шампионите.

Фудбалер кој убедливо најмногу се истакна во овие два меча со Реал, беше Килијан Мбапе. Нејмар и Меси беа тивки. Ротен има големи критики за нив.

„Играчи кои се заслужни за тој пораз се Нејмар и Меси. На нив е да преземат одговорност. Кога Леонардо ги регрутираше и ги донесе, тие станаа легенди на клубот. Не ги напаѓам Верати, Данило, Паредес, Мбапе. Тој беше опасен и во двата меча. Зборувам за другите двајца, двајцата платеници. Тоа е измама“, вели Ротен.

„Срам ми е така да зборувам за Лео Меси, но тоа е реалноста. Човекот оди по теренот. Ми велат дека вредно се обидувал да одземе топки. Се трудеше на цели десет метри. Другиот ги изгуби сите топки. Велам другиот бидејќи многу се нервирам кога ќе го споменам неговото име. Откога дојде тука, тој е катастрофа. Одигра помалку од половина натпревари за ПСЖ“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×