Меси мечот го почна од клупата за резерви, а Барселона без него се мачеше во првиот дел. Тие поведоа рано со гол на Дембеле во 22. минута, по што следуваше промашување на пенал на Гризман. Бетис изедначи во судиското продолжение од првото полувреме.
Во второто полувреме влезе Меси и работите веднаш се променија. Во 49. минута Аргентинецот прескокна една топка за таа да дојде до Гризман, а тој реализираше за водство од 2-1.
Во 60. минута беше покажан пенал за Барселона и црвен картон за Манди кој на гол линијата играше со рака. Пеналот го реализираше Меси за водство на Барса од 3-1.
И покрај тоа што имаа играч помалку, Бетис успеа да намали на 3-2, преку Лорен во 73. минута. Но потоа следуваше првиот гол на Меси од игра оваа сезона за 4-2, а конечните 5-2 беа дело на Педри.